МВР со укажување за недискриминација до граничните премини

Од:

Министерството за внатрешни работи ќе испрати укажување за недискриминација до граничните премини откако бројот на тужби се зголемил поради тоа што не им биле дозволен излез од државата на припадници од ромската заедница.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека тенденцијата е да се применуваат законските решенија и оти укажувањето до граничните премини ќе биде во тој дел. Од друга страна, вели тој, секој граѓанин е должен да ги почитува законските прописи. Спасовски ова го соопшти на прес-конференција по средбата со претставници на невладини организации на Ромите. Досега, според министерот, се поднесени 41 тужба  за дискриминација од лица од ромската заедница поради тоа што не им бил дозволен излез од државата.

– Имаме и неколку правосилни пресуди што претставува товар за Министерството и за Република Македонија. Се договоривме на овој состанок дека треба да се достави едно укажување за начинот на постапување на граничните премини, кои што се однесуваат, пред се, на недискриминација по однос на пол, раса, политичка ориентација, вера и друго, рече министерот за внатрешни работи. Целта, според него, е да се намали бројот на вакви тужби што ги урива честа и угледот на Република Македонија.

Според Спасовски, ромските НВО укажуваат дека економска миграција од Република Македонија е недозволива и дека тоа може да го наруши интересот на земјата, како потписник на меѓународни договори.

– Факт е дека од Македонија не заминуваат само Роми, изјави Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски не сакаше да одговара на прашања на новинарите надвор од темата, но во врска со случајот со дополнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, рече дека до крајот на денот Министерството ќе ги заврши сите постапки и оти ќе се постапува по закон, како за сите граѓани во државата, по што јавноста ќе ги добие сите информации.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно