МВР со официјална информација за протестите пред Општина Центар

Од:

МВР излезе со официјална информација за вчерашните протести пред Општина Центар. Во нивното соопштение се вели дека вчера во периодот од 11,30 до 20,30 часот на платото пред спомен куќата на „Мајка Тереза“, се собрале околу 4.000-5.000 граѓани.

Собирот, како што стои во соопштението од МВР, бил во знак на револт против донесената уредба од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за измена на урбанистичкиот план, со која би се стопирала изградбата на црквата “Св.Константин и Елена“.

Граѓаните од Домот на АРМ, се упатиле кон Општина Центар.

Дел од присутните, кои протестирале со викање, свирење, удирање со раце по бараката, каде што се одвивала седницата, пробале да ја прекинат истата, и преку вратата пробале насилно да влезат во општинските простории, но биле спречени од страна на полицијата.

Биле искршени неколку стакла на влезната врата и на прозорите од бараката, а исто така преку отворен прозор била откорната една завеса. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби