МВР со детали за вчерашната сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Радовиш

Од:

Вчера околу 18.30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај село Владевци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот В.Т. од село Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот С.К. од Кочани, извести МВР.

– На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот, 44-годишната Р.К. од село Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица, соопшти МВР.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука