МВР со детали за вчерашната несреќа: Еден загина, а тројца се поврeдени во сообраќајка кај охридското село Издеглавје

Од:

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа, вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје.

Несреќата, како што соопшти СВР Охрид се случила околу 18 часот меѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино.

– Од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возсило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Градежен работник загина од струен удар додека работеше на фасада од куќа

А1он