МВР со детали за опожарениот автомобил на пратеникот Ристески

Од:

Министерството за внатрешни работи информира за случајот во кој опожарен е автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

-На 20.7.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 1.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р. – велат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Французин за една ноќ запалил 25 автомобили

Уапсен млад пироман од Скопје

(ВИДЕО) Полицијата истражува како се запалиле двете возила

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени автомобили во Ново Лисиче

Горан Наумовски

Во Струмица изгоре автомобил