МВР: Секаков обид за фалсификат на биометриските патни исправи би бил лесно откриен

Од:

„За да не биде изманипулирана јавноста и медиумите дека Министерството за внатрешни работи не одговарало на прашањата на Фокус, со дозвола од Фокус, доколку некој граѓанин или медиум е заинтересиран, може да ја доставиме целокупната досегашна кореспонденција. Доколку се обезбеди одобрение и од некои функционери од СДСМ или невладини организации блиски до партијата, може да бидат доставени и целокупните материјали кои согласно Законот за слободен пристап до информации неколку месеци наназад им беа одговарани.

Што се однесува до конкретните прашања, од пракса би нагласиле дека пред неколку години имаше случај во кој осомничениот во домашни услови, на ласерски печатач, си испечатил евра во различна вредност. Беше откриен и пријавен од првата продавница каде што ги употребил. Оттаму, не може да исклучиме дека е можно некој да се осмели да превитка хартиено марамче, да го обои во црвено и на него да напише „Пасош“.

Современата технологија која ја применува нашиот партнер од Германија, гарантира дека секаков обид за фалсификат би бил далеку од оригиналот и би бил лесно препознаен и откриен.

Дали и како се обучени членовите на изборните органи и набљудувачите на избирачките места, какви инструкции, дали и како го употребувале мастилото со кое се гарантира правилото „еден човек – еден глас“, се прашања на кои треба да одговорат одговорните во Државната изборна комисија.

МВР може да потврди дека не е доставена ниту една пријава од страна на ДИК во однос на сомнение за злоупотреба на макар една фалсификувана исправа. Исто така до МВР нема доставено ниту една пријава од ниту една граница или институција во странство дека некаде е откриен случај на злоупотреба на фалсификувана македонска патна исправа.

Му стоиме на располагање на Фокус да дојде и да не посети и да се увери во софистицираноста на технологијата во која се изработувата биометриските патни исправи од втора генерација. Му стоиме на располагање на Фокус, повторно да му ја објасниме апсурдноста и грешката во тврдењата дека AFIS системот на каков било начин е поврзан со процесот на издавањето на патните исправи.

Апелираме до Фокус во иднина да се обраќа формално, како и во безброј наврати досега, бидејќи не секогаш други медиуми би можеле да покажат интерес за упатени „јавни прашања“. Ние како и секогаш, согласно нашата определба за транспарентно и точно информирање на јавноста ќе одговараме на вашите барања“, се вели во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот