МВР: Седум демонстранти од протестите во Ѓорче направиле штета од 18 милиони денари

Од:

Кривична пријава е поднесена против седум демонстранти кои учествуваа во протестите во Ѓорче Петров на 19-ти и 20-ти минатиот месец. На дел од нив ќе им се суди затоа што учествувале во толпата која предизвика бројни инциденти, а на двајца од нив затоа што во уличниот хаос ја искористиле ситуацијата и извршиле кражба на 191.800 денари. Вкупната штета која седуммината демонстранти ја направиле со своето хулиганско однесување е во вредност од 18.000.000 денари, информира полицијата.

Двајца од осомничените се на возраст од 16 години, еден има 17 години, еден е 18-годишен, 24-годишен, додека најстариот има 53 години. Последните двајца беа во притвор осум дена во претходната постапка по апсењето за време на протестите. Четворица од седуммината каменувале два автобуси на ЈСП и оштетиле повеќе објекти на улицата „Ѓорче Петров“, еден од тие објекти било и казиното „Сенатор“.

Покрај каменувањето на „Сенатор“, 24-годишниот А.В. и 16-годишниот П.Ј. извршиле кражба во казиното. Наредниот ден, пак, кога продолжија протестите во Ѓорче Петров, тројца од седуммината, според МВР, повторно влегле до казиното и го демолирале и го палеле инвенатарот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ