МВР се фали дека има помалку сообраќајки од лани поради засилените контроли

Од:

Сообраќајната полиција казнила нешто помалку од 6.500 возачи за време на новогодишните празници, соопшти МВР, во исто време припишувајќи си ја целосната заслуга за намалениот број на сообраќајни несреќи во изминатата година, во која поради пандемијата и самиот сообраќај беше со намален обем.

„Во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година, на територијата на целата држава санкционирани се 6.489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот,“ се вели во соопштението, во кое се додава и дека меѓу другото, казните се издадени: за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола – 414), за возење без возачка дозвола (520), за возење под дејство на алкохол (185), за возење со брзина поголема од дозволената (835), како и за непрописно престигнување (312).

Од МВР се пофалија дека „засилените контроли што ги спроведува МВР евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат“. За да го поткрепи ова тврдење, полицијата ги споредува податоците меѓу ноември 2020 и ноември 2019, односно годината во која поради затворените граници, периодите со полициски час и општата економска стагнација во земјата, обемот на сообраќајот беше значително намален.

Во тој период, според МВР, имало намалување од 21 отсто, а кога ќе се споредат декември 2020 со декември 2019, има намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди.

„Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот,“ го завршува МВР денешното соопштение со уште еден неоснован заклучок.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари