МВР: Санкционирани 43 возачи за возење под дејство на алкохол во Скопје

Од:

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22,00 до 05,00 од страна на Oдделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. Вкупно се контролирани 304 возачи. 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ