МВР: Регистрирани три инциденти поврзани со претстојните локални избори

Од:

Изминатите 24 часа полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори, информира денеска МВР.

Првиот инцидент е регистриран синоќа во село Арачиново, додека активисти на политичката партија „БЕСА“ лепеле плакати непознато лице од автомобил испукало еден куршум во воздух од огнено оружје, по што заминало во непознат правец.

Во населба Драчево непознат сторител со камен го оштетил стаклото на штабот на политичката партија „Обединети за Македонија“.

На булеварот „1-ви Мај“ во Битола полициски службеници затекнале три лица како со црн спреј прскаат на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на политичката партија „СДСМ“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски