МВР со прва награда од СЕЛЕК за акција за заплена на поголемо количество марихуана

Од:

Министерството за Внатрешни работи денеска ја прими првата награда на СЕЛЕК, организација за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа, за учество во меѓународна акција за заплена на марихуана.

За ова денеска на прес-конференцијата по повод заплената на 143 килограми марихуана, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски. Наградата за прво место ја примил лично министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од директорката на СЕЛЕК Снежана Малеева.

Одговарајќи на новинарско прашање директорот Велковски рече дека полицијата идентификувала лице кое учествувало во палењето на знамињата на двете држави вчера на протестите пред ЕУ-Инфо цемтарот и Собранието на РМ и дека полицијата обезбедува докази за поднесување пријава против сторителот.

Велковски информираше дека од пред два дена полицијата располага со нови сознанија во врска со убиството на Јанушев и дека се во фаза на обработка.

Во однос на последните разбојништва во банките како и на денешната во Шпаркасе банка, директорот на БЈБ рече дека полицијата работи на откривање на сторителите и дека се на добар пат за расчитување на грабежот во филијалата на Комерцијална банка кој се случи неодамна.

Полицијата, според Велковски, во моментов го испрашува лицето вработено во Општина Шуто Оризари, кое вчера беше притворено и потврди дека се работи за мито, а покрај него се испрашуваат и други лица поврзани со случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство