МВР продолжува со работата за расчистување на настаните од 27. април

Од:

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднела шест известувања, во врска со преземени активности околу расчистување на настаните од 27. април во Собранието на Република Македонија, известуваат од МВР.

Поднесена е кривична пријава против лицето А.К. за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, при што бил извршен и претрес на неговиот дом и други простории на пријавениот и биле пронајдени важни предмети за кривичната постапка.

Доставено е известување во врска со извршени разговори со повеќе лица новинари, како и со лицето М.П., а се однесуваат на дејствијата околу расветлувањето на обидот за убиство врз Зијадин Села.

Воедно, по Наредба за претрес од Основен Суд Скопје I, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на едно лице (новинар), при што се пронајдени и одземени предмети (фотоапарат, камера, УСБ, преносен компјутер, мобилен телефон и ДВД) кои како важни предмети може да послужат во кривичната постапка. Истите по извршеното вештачење со Известување дополнително ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје.

Исто така, ОЈО Скопје е известено во врска со утврдување на присуство на странски државјанин во Собранието, а се однесува на две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Од извршениот преглед на доставените видео материјали констатирано е дека се работи за Г.Ж. српски државјанин, известуваат од МВР.

Притоа, утврдено е дека лицето во временскиот период од 22:04 до 00:11 минути е присутен внатре во Собранието.
Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27/04/2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница