МВР: Приведените во близина на Владата, можат да пријават насилство од полицајците

Од:

И.Р и В.Р. кои утринава беа приведени на булеварот „Илинден“ во близина на Владата на Р.М. за нарушување на jавниот ред и мир, доколку имаат забелешка за однесувањето на полицајците можат да го пријават настанот во одделот за внатрешна контрола при МВР, истакна денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски за реакциите на социјалните мрежи за грубоста на полицајците при приведувањето.

Тој рече дека доколку приведените пријават такво однесување на полицајците, тие веднаш ќе го испитаат случајот и доколку се утврди било кој полициски службеник дека ги надминал своите овластувања тие ќе бидат санкционирани.

МВР, попладнево соопшти дека приведените викале на висок тон и дрско и непристојно се однесувале, а откако двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување, почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници.

И.Р. и В.Р. биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, поради сторени прекршоци против јавниот ред и мир. Кај В.Р. (32) било утврдено дека е под дејство на алкохол, после извршено алкотестирање.

И.Р. (43) одбивала да и биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да и биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол. Таа, исто така, одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето. После тоа, И.Р. била вратена во Полициската станица Центар и во 04.30 часот била ослободена.

На лицето В.Р. му било извршено алкотестирање и тој потпишал записник за присуство на алкохол во крвта, по што бил ослободен во 3 часот по полноќ. Против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци