МВР: Приведени 19 лица за време на изборниот процес

Од:

Во текот на вчерашниот ден, за време на изборниот процес, од седум до 19 часот, приведени се вкупно 19 лица, соопшти МВР.

– Десет лица се приведени по основ на фотографирање на избирачко место и тоа Д.С. на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“, С.А. на гласачко место во ОУ “26 Јули“, Џ.Д. на гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“ и Д.Д. на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“. Две лица во Охрид – Д.Т. на гласачко место во населба Лескоец, С.А. на гласачко место во музичкото училиште, Е.А. на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа, Ј.С. на гласачко место во училишната амбуланта во Куманово, Р.Ф. на гласачко место во СОУ “Никола Вапцаров“ во Струмица и Н.Н. на гласачко место во ОУ “Братство“ во Гостивар, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму посочуваат дека сите овие случаи се расчистени и против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави по основ на Изборниот законик за фотографирање на избирачко ливче.

Приведени се и три лица (М.У., С.М. и Е.М.) во Битола во близина на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Сугаре“ поради сомнение за давање поткуп при гласање.

Досега, по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поднесени се четири прекршочни пријави за три лица, еден прекршок – “карање и викање на јавно место“ и по еден прекршок “поттикнување, предизвикување и учество во тепачка“, “оддавање на пијанство“ и „непочитување наредба“ – против лицата Г.Н., Г.Т. за настанот во Бутел и Г.Ј.С за настан на гласачко место во ОУ “Глигор Прличев“.

Од МВР истакнуваат дека по основ на Кривичниот закон, поради постоење сомнение за сторени кривични дела, поднесени се три кривични пријави и тоа за И.М. од село Седларци, тетовско, за кривично дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, против З.Ш од село Мирковци, скопско и против Д.М. од Кавадарци за сторено кривично дело „злоупотреба на избирачко право“.

Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување и на останатите случаи кои беа пријавени во текот на вчерашниот ден и по расчистувањето соодветно ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“