МВР: Приведен дилер на хероин

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Посочија дека синоќа полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на ул.„Петар Дељан“, каде престојува пријавениот.

– При претресот биле пронајдени и одземени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил лишен од слобода, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава, наведоа од МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват