МВР: Полицијата реагираше одмерено, како што доликува

Од:

После пораката на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, дека премал број полицајци интервенирале при протестот организиран од граѓанската иницијатива Веритас вчера, МВР порача дека полицијата добро си ја знае својата работа, реагирала адекватно и епилогот е позитивен.

„Неоснованите обвинувања кон полицијата најмалку доликуваат на носител на локалната власт, кој треба да работи во интерес на сите граѓани. Уште помалку истите ќе ја натераат полицијата да ги пречекорува овластувањата и да употребува прекумерна сила кон граѓаните кои го изразуваат својот револт и незадоволство од работењето на градоначалникот и неговиот тим.

Полицијата не потклекна на провокациите ниту кога градоначалникот и неговите соработници насилно уриваа огради, игнорирајќи каква било законска процедура, ниту кога истите се обидуваа насилно да упаднат на седница на Советот на општината прекинувајќи ја истата. Полицијата беше и остана крајно професионална и неселективна во работењето, без разлика дали некој сака своето неснаоѓање и грешки во работењето да ги покрива со закани, тепање и насилство врз граѓаните.

Благодарение на навремената и одмерена реакција,вчера во наелектризираната атмосфера немаше посериозен инцидент, ниту некој се пожали на какви било повреди. Секоја пријава или нарушување на јавниот ред и мир ќе биде истражено и третирано исклучиво согласно законот, а не согласно нечија политичка воља.

МВР уште еднаш сака да го потсети градоначалникот Жерновски дека, без разлика на неговите желби, немаовластувања и не смее да ги спречи граѓаните да организираат јавни собири за да го изразат својот револт од најавите за уривање на црквата Свети Константин и Елена. Би сакале да му порачаме дека граѓаните од него очекуваат совесно вршење на функцијата, градење наместо уривање и исполнување на ветувањата, а не лутање во ингеренциите и упатување апели до полицијата“, се вели во одговорот од МВР.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски