МВР: Полицијата до сега немаше потреба од посебна интервенција

Од:

Локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, заклучи Министерството за внатрешни работи.

„Со задоволоство може да констатираме дека заклучно со 14 часот, не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, така што и немаше потреба од посебна интервенција на полицијата“, стои во оцената на МВР за тековниот изборен процес.

Досега, до МВР се доставени повеќе поплаки, од кои поголемиот дел се однесуваат на нарушување на предизборниот молк. Имено, поднесена е и кривична пријава против Д.С. од Куманово поради сомнение дека сторил „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „обид за спречување на избори и гласање“. Осомничениот е обвинет и за расфрлање на гласачките ливчиња во гласачкото место 1040, при што предизвикал прекин на гласањето.

Исто така, избработен е и извештај за случај во село Зрновци, каде две лица се обвинети за „поткуп при избори и гласање“, бидејќи според сознанијата на полицијата осомничените му давале пари за глас.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице