МВР: Полицијата била повикана во училиштето во Вeлес поради невообичаена фреквенција на возрасни граѓани

Од:

По објавата на „А1он“ за инцидент во Велес кога невакцинирано прваче со полиција и инспектори утрово било извадено од училиште, Министерството за внатрешни работи испрати соопштение во кое објаснува дека полицијата дошла на повик од директорот, но не преземала никакви активности.

„Во врска со дезинформациите за настан во училиштето во Велес, ја информираме јавноста дека по пријава на директорот на училиштето кој забележал невообичаена фреквенција на возрасни граѓани во околината на училиштето, полициски службеници излегле на лице место бидејќи тоа е нивна должност. Не се преземени никакви активности од страна на полицијата, ниту имало каков било контакт со ученици. Во училиштето дошле инспектори од Министерство за образование и тие разговарале со родителите, затоа што тоа е нивна надлежност“, стои во соопштението од МВР.

Доцна попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за „А1он“ изјави дека му треба дополнително време за да утврди дали нивна екипа била повикана во училиштето.

„Таму имаше некаква пријава но за вчера и мислам дека се покажа дека се работи за лажно пријавување. Денес до 15 часот немаше таква пријава. Дополнително треба да провериме дали наша екипа била повикана во школото“, рече портпаролот Додевски.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека