МВР: Полицаец со пендрек му нанел тешки повреди на маж

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

„Имено, на 13.04.2024, при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од с.Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Повреден полицаец со пиритехничко средство по ракометен натпревар во Кавадарци

Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот