МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против З.Л., полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.

„З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност несовесно постапил во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвиден рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, а за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А., ниту своерачно ја потпишал. На тој начин пријавениот му нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесен предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 24-годишен насилник од Скопје кој со метална цевка истепа полицаец

Пукал со пиштол во нозе на лице во Велешта, а на полицаец го удрил со автомобилот

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсен е насилник кој нападнал, па му се заканувал на полицаец

Горан Наумовски

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Полицаец издавал службени тајни за планирани акции на УЈП, ДПИ и ДИТ