МВР поднело пријава против заразената ексдиректорка на Клиниката за дерматологија

Од:

Министертвото за внатрешни работи поднело пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска која спротивно на препораките од Владата по враќање од Италија не се самоизолирала. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес извести дека ексдиректорката се вратила од Италија на 29 февруари. Коронавирусот и беше потврден на осми март, а во меѓувреме таа одела на работа и присуствувала на симпозиум на кој имало повеќе од 100 здравствени работници. Поради контактот со ексдиректорката во изолација се околу 200 лица.

„Поранешната директорка направила влез во државава на 29 февруари. Против нејзе и против сите лица кои не ги почитуваат препораките, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик е поднесен соодветен поднесок до Обвинителството“, рече денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Членот 205 од Кривичниот законик се однесува на кршење прописи или наредби со што се предизвикува пренесување заразна болест, а по членот 206 се казнува сторител кој за време на епидемија на опасна заразна болест не постапил според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Од Обвинителството за „А1он“ велат дека до овој момент немаат обвинение за ексдиректорката, а кај нив се уште не е стигната ниту пријавата од Министерството за внатрешни работи.

Откако на ексдиректорката и беше потврден коронавирус, затворен беше целиот оддел. Сите вработени се во изолација. Билјановска минатата недела беше разрешена од функцијата директор на Клиниката. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека досега кај ниту едно лице поврзано со ексдиректорката не се појавиле симптоми на болеста. Ексдиректорката се лекува на Клиниката за инфективни болести.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски