МВР официјално го соопшти идентитетот на жртвите во невремето

Од:

Министерството за внатрешни работи попладнево официјално го соопшти идентитетот на 21 лице починати во невремето, по завршената идентификациска постапка. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба:

1. Бајрам Мустафа(1949) – Гази Баба;
2. Енес Мустафа(2014) – Гази Баба;
3. Катерина Митрова (1933) – Гази Баба;
4. Ѓилмаз Мухареми (1940) – с. Сингелиќ – Гази Баба;
5. Наде Илиевска (1955)- с. Стајковци – Гази Баба;
6. Блага Јовевска (1941)- с. Смиљковци – Гази Баба;
7. Мурат Саити (1957) – с. Сингелиќ – Гази Баба;
8. Марина Ивановска-Велиновска(1977) – Крива Паланка;
9. Јован Велиновски (2008) – Крива Паланка;
10. Жаклина Божиновска (1973) – Куманово;
11. Фуркан Фејзула (1987) – Гази Баба;
12. Сашко Митковски (1971) – с. Црешево – Гази Баба;
13. Ќазим Исени (1933)– Гази Баба;
14. Љубица Димчевска (1935) – с. Црешево – Гази Баба;
15. Земрије Синани (1985) – Гази Баба;
16. Ендрит Синани (2010) – Гази Баба.
17. Славка Илиќ (1956) – Гази Баба;
18. Томислав Илиќ (1950) – Гази Баба;
19. Мирче Митковски (1949) – с. Црешево – Гази Баба;
20. Достана Димитриевска(1974) – Тетово;
21. Убавка Јовевска (1965) – Гази Баба.

– По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите на терен, а во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал, од месно надлежната полициска станица и тим од погребално Бутел беа пронајдени и идентификувани 21 починато лице сите македонски државјании. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба, соопшти МВР.

Претресот на теренот бил завршен вчера (7 август 2016) во 14 часот при што биле пронајдени неколку лица, како и лица кои настрадале во невремето, а во текот на ноќта биле пронајдени и повеќе тела на лица зафатени со поплавата. Притоа биле евакуирани околу 2000 лица и им била укажана медицинска помош на околу 500 лица.

До денеска во 14 Секторот за внатрешни работи Скопје нема добиено пријава за исчезнати лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он