МВР објави меѓународни потерници по Рамадани и Красниќи

Од:

Министерството за внатрешни работи објави меѓународни потерници против Сехат Рамадани и Агим Красниќи за бегство од затворот во Штип, откако и двајцата не се пријавиле во затворот по викенд отсуство.

Двајцата биле на доиздржување на казна затвор од три години и три месеци во затврот во Штип.

Директорот на затвор Штип, Мики Тодоров за МИА вчера потврди дека Красниќи и Рамадани во понеделникот не се јавиле во затворот во Штип по викенд отсуството, а согласно Законот по поминати 48 часа ги известиле Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

-Двете лица од септември 2017 година користат редовно викенд отсуство, годишен одмор и имаат слободни седум часа прошетка низ градот. Досега редовно се имаат враќано и немавме никакви индиции, односно немавме никакви сомневања дека по ова викенд отсуство нема да се вратат, вели Тодоров.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група“ на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „киднапирање“ и „рекет“. Красниќи и Рамадани имале казна затвор од по 15 години, а досега и двајцата имаат отслужено вкупно 12 години, а за доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски