А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР објави конкурс за прием на 600 нови полициски службеници

by А1он15/07/2016 - 14:50116
Share0

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за прием на 600 кандидати за полициски службеници, кои од октомври ќе ја почнат 12 месечната обука.

Добивај вести на вибер

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на денешната прес-конференција изрази оптимизам дека согласно потребите на МВР ефективно ќе се изврши селекција на квалитетни кандидати за полициски службеници.

Новина во овој конкурс, посочи тој, е тоа што е сменет Правилникот за селекција во однос на утврдените физички проверки односно намалените се критериумите и се однесуваат за основниот полициски состав. По завршувањето на конкурсот, нагласи, оние што ќе сакаат да бидат во специјалните единици преку интерен транспрентен оглас, ќе мораат за поминат построги критериуми за физичка подготвеност.

Бројот на полициски службеници, за кои е објавен конкурс, информира Чавков, е согласно Стратегијата за развој и управување со човечки ресурси, како и врз основа на направените анализи, процеси и потребите за справување со актуелните закани не само во Македонија, туку и во Регионот.

– Имаме недостаток на униформирани полициски службеници. И со оваа генерација кандидати сакаме да го амортизираме тој недостаток. Европскиот просек е околу 300 полициски службеници на 100 илјади жители, а ние во рамки на МВР тој просек се уште го немаме постигнато, рече Чавков и додаде оти е утврдена потребата за зајакнување на персоналните капацитети на граничната полиција.

Во регионалните Сектори за внатрешни работи, информираше, има 50 до 60 проценти потполнетост на потребите за полициски службеници. Според него, поалармантна е состојбата во СВР-Скопје каде што има 145 полициски службеници на 100 илјади жители.

– Нашата стратегија е четиригодишна, но имаме направено до 2020 година и сакаме да го усогласиме приемот на полициски службеници по основ на пензионирање. До 2020 година на ниво на МВР по основ на пензионирање ќе заминат 1.400 вработени, од кои 1.200 се полициски службеници, појасни министерот Чавков.

На новинарско прашање дали ќе се примат на работа оние полицајци кои ја поминаа обуката од претходниот конкурс, а не добија договори за работа затоа што се чекаше согласност од Министерството за финансии, Чавков потенцира дека се прават напори да се вклопат и овие полициски службеници, кои имаат добиено сертификат за завршена полициска обука. Подвлече дека се разговара со Министерството за финансии, бидејќи МВР има потреба од тие полициски службеници, чии капацитети би се подигнале со дополнителни обуки, но, истакна, не може да прејудицира однапред за исходот од разговорите.

Прашан зошто се објавува конкурс за прием на нови 600 полициски службеници во време кога се во тек партиските преговори во Пржино, а една од точките е и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Чавков дециден дека не треба да се мешаат овие процеси со функционирањето на МВР.

– Независно од текот на овие процеси МВР треба да функционира и да ја извршуваа основна функција, а за тоа е потребно и соодветно и навремено пополнување. Доколку се распишат избори немате можност да распишувате конкурси, да се прават селекции и ќе се изгуби цела година, а јазот што го имаме сега ќе биде подлабок. Тоа е основната причина зошто сега, одговори на прес-конференцијата министерот за внатрешни работи Чавков.

На прашањето како може да функциконира министер за внатрешни работи со одземени ингеренции за кадровски промени согласно законските измени, за Чавков се работи за шпекулација.

– Во Законот за внатрешни работи ниту една ингеренција не му е одземена на министерот за внатрешни работи, ниту во делот на остварувањето на функцијата на Министерството, раководење и спроведување на политики во рамки на министер за внатрешни работи, ниту во делот на управувањето со човечки ресурси. Ниту една ингеренција на министерот не му е доведена во прашање, тоа се шпекулации, истакна Чавков.

mvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен