МВР: Ние не ја нарушивме пресумпцијата на невиност

Од:

Министерството за внатрешни работи во своја реакција на обвинувањата на СДСМ вели постапувало и ќе продолжи да постапува крајно неселективно, согласно Уставот и законите на Република Македонија.

За МВР е ирелевантно дали некој е воопшто политички определен и каква функција извршува. За МВР е суштински дали некој работел согласно законите или спротивно на нив, бидејќи правдата мора да биде неселективна.

МВР додава дека официјалното соопштение на МВР е објавено на интернет страницата и во ниеден момент МВР не ја нарушила пресумпцијата на невиност.

– Тоа што СДСМ повторно, како и во операцијата „Шпион“, лицитира со имиња и без да ја увиди фактичката состојба застанува во нивна одбрана и ги напаѓа институциите, говори за тоа како од партијата ја подразбираат еднаквоста пред законите во случај кога уште не е поднесена кривична пријава. Сосем е легитимно СДСМ да пропагира политичка платформа во која за едни граѓани важат законите, додека за други не важат, но неприфатливо е да се вршат јавни политички притисоци врз органите на прогонот преку етикетирања без воопшто да бидат согледани доказите, се вели во реакцијата на МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас