Само по 24 часа од поднесувањето на пријавата на новинарите на Нова, Фокус и Радио Слободна Европа, Секторот за внатрешна контрола направил истрага и утврдил дека немало инцидент, односно дека нема докази за спречување на вршење на работата на новинарите и бришење и одземање на нивните материјали од страна на полициските службеници.
– Постапувајќи по претставката, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди оствари увид и на интернет порталите во кои што работат пријавителите, односно „ТВ Нова“, „Радио Слободна Европа“ и „Фокус“. Утврдено е дека од страна на Министерството за внатрешни работи, односно претпоставените старешини не постои никаква наредба за ограничување на движењето на претставниците медиумите, ниту пак забрана за снимање на протестите.
Напротив, поради страв од можноста снимките или фотографиите да бидат искористени од полицијата при идентификувањето на насилните учесници во протестите, добиени се неколку усни поплаки од новинари на кои им биле упатувани закани и забрани од учесници во толпата.
Од извршените разговори со сите 34 полициски службеници кои учествувале во активностите на полицијата, не може да се утврди дека некој воопшто бил инволвиран во настан како што е наведен во претставката, односно одземање и бришење на снимен видео-материјал и фотографии. Од остварениот увид на интернет порталите на ,,ТВ Нова‘‘, ,,Радио Слободна Европа‘‘ и ,,Фокус‘‘ за ден 21.05.2014 година, утврдено е дека во порталот на ,,ТВ Нова‘‘ евидира прилог од новинарот (подносител на претставката), насловен како ,,(Галерија) Бурна ноќ во Ѓорче Петров – што се случуваше вечерва‘‘ во кој низ десетици фоторгафии хронолошки се дадени случувањата во н. Ѓорче Петров во временски период (според сопствените изнесени наводи во новинаркиот прилог), во временски период од 18,00 до 21,45 часот за ден 20.05.2014 година.
На порталот на ,,Фокус‘‘ за ден 21.05.2014 година, евидираат два прилога од новинарот (подносител на претставката) едниот под наслов ,,Ексклузивни снимки од вечерашните инциденти и приведувања во Ѓорче Петров‘‘ (видео запис во траење од 5 минути), и прилог под назив ,,Галерија: Еве што се случуваше денеска во Ѓорче Петров‘‘, од настаните на ден 20.05.2014 год., во кој се опфатени различни периоди од случувањата за наведениот ден. На ,,Радио Слободна Европа‘‘ евидираат повеќе новинарски прилози за предметниот настан од кои еден под наслов „Ѓорче Петров“ судири, флеш бомби и 27 приведени‘‘ од новинарот (подносител на претставкат), поткрепени со фотографии.
Врз основа сите направени проверки не се обезбедени никакви докази во прилог на претставката која се пријавува. Секторот за внатрешна контрола им стои на располагање на пријавителите, навремено да достават дополнителни информации кои евентуално би помогнале во докажување на случајот и утврдување на вистината“, се вели во соопштението на МВР