МВР не кажува на чие барање интервенирала кај Бристол, стотиците полицајци биле редовна процедура

Од:

Министерството за внатрешни работи не дава информации по чие барање интервенирала полицијата синоќа во еден часот по полноќ во паркот кај Бристол, во центарот на Скопје, пишува Плусинфо.

Од МВР велат дека станувало збор за редовна работа на полицијата за да „спречи узурпирање на туѓ имот и да се овозможи тој што има документи да располага со имотот и да си ги оствари правата согласно законот“. Полицијата ќе остане кај поранешниот парк се додека проценките се дека е потребно присуство, велат од министерството.

– Станува збор за проценка согласно потребите на МВР и се покажа дека интервенцијата беше успешна без да ескалира ситуацијата или да има повредени или пак да има дополнителен инцидент – истакна Котевски за Плусинфо.

Уапсените граѓани, како што тврдат, биле држени во полициски притвор околу 5 часа. Од МВР за Плусинфо велат дека за сите 12 се поднесени прекршочни пријави за нарушување на јавна чистота и е извршена нивна идентификација, а доколку сопственикот смета дека му е направена штета, има можност кривично да ги гони со приватна тужба.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски