МВР: Не е вистина дека полицаец вперил пиштол кон кандидат за градоначалник

Од:

Министерството за внатрешни работи остро ги отфрла невистините објавени на дел од интернет порталите и тврдењата на одредени политички партии дека автобуси денеска биле запирани и праќани на вонреден технички преглед и дека наводно полицаец вперил пиштол во глава на граѓанин.

„Целосно неточна е објавата дека автобуси со симпатизери на политичка партија биле запирани и праќани на вонреден технички преглед. Се повикуваат оние што ја пласираат оваа невистина да покажат било каков документ со кој ќе биде докажано дека автобуси биле праќани на вонреден технички преглед.

Невистина е и пласираната вест дека полициски службеник му вперил пиштол во глава на лицето М.Ј.. Денеска, при извршувањето на своите работни задачи полициски службеници се обиделе да сопрат возило „Мерцедес“, кое со голема брзина се движело по бул. Александар Македонски во Скопје. На дадениот знак возилото не застанало, по што полицајците со возило на МВР тргнале по „Мерцедесот“ со намера да го сопрат. По извесно време „Мерцедесот“ бил стигнат и запрен од страна на полициските службеници и согласно процедурите се побарани документи од сите четири лица кои биле во возилото, а меѓу нив бил и М.Ј. . Полициските службеници ги прашале овие лица дали носат нешто недозволено или оружје, на што М.Ј. пријавил дека носи пиштол со дозвола, по што е направена проверка и утврдено е дека М.Ј. има дозвола за пиштолот. Додека полициските службеници ја вршеле проверката, во близина запрело друго возило, од кое излегле две лица, од кои лицето О.А. почнало дa ги навредува полицајците. МВР постапува единствено согласно законите и укажуваме дека ширењето шпекулации и невистини не е во интерес на граѓаните“ соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници