МВР: Не бевме информирани за претресот во домот на началникот на СВР Куманово

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека не било информирано и вклучено во планирањето на вчерашната акција во која е извршен престрес во домот на началникот на СВР Куманово С.В.

– Акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово С.В. се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на  Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција  во рамки на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи, се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи укажува  дека сите вработени во овој државен орган треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел, како што соопштува, да се избегнат  ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на  на угледот на Министерството.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ