МВР: Шок бомбата ја активирал навивачот на Вардар

Од:

Полицијата и официјално денеска соопшти дека шок бомбата ја активирал навивачот на Вардар на вчерашниот натппревар со битолски Пелистер.

Според МВР навивачката група Комити не сакала да го напушти стадионот десет минути пред завршување на натпреварот, па затоа припадниците на полицијата сакале да ги натераат навивачите да го напуштат стадионот за да не се судрат со ривалската навивачка група Чкембари од Битола.

„Имено, согласно досегашната пракса при ваквите натпревари, за да не дојде до судир меѓу двете навивачки групи, на гостинските навивачи им било укажано први да го напуштат стадионот. Откако одбиле доброволно да ја напуштат трибината, 10-ина минути пред завршувањето на натпреварот била издадена усна наредба за потиснување на навивачката група „Комити“ кон излезот на стадионот. Со потиснување на масата било пристапено од полициските службеници со штитови. Во еден момент се слушнала детонација на експлозивна направа која била активирана од страна на еден од навивачите по што настанал метеж. Биле повредени повеќе лица, кои од страна на навивачите биле извлечени за укажување на прва помош. Од навивачката група „Комити“ со повреди се стекнале 8 лица, од кои едно лице со тешки телесни повреди и 7 лица со лесни телесни повреди“, стои во соопштението на МВР.

index

За време на вршење на службени задачи повредени се и четири полициски службениции. Во консултација со ЈО издиференцирани се 7 кривично-правни настани, од кои за 4 ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „Напад на Службено лице при вршење работи на безбедноста“ и една кривична пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, додека за останатите 3 кривично- правни настани СВР Битола ги превзема потребните мерки и активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас