МВР најави одговорност за градоначалникот на Крива Паланка поради шамарите кон полицаец

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот со нападот на градоначланикот на Крива Паланка на полициски службеник. Од МВР велат дека по пријавата од полицаецот Кристофер Стоевски за напад од градоначалникот Сашко Митовски бил изврешен разговор ос Митовски и со сведок на настанот. Најавуваат поднесок против него.

– Во врска со пријавата од К.С. во ОВР Крива Паланка дека на 14.01.2023 бил физички нападнат од С.М., преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и во полициска станица е извршен службен разговор со С.М., како и со сведок на настанот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против С.М. се наведува во соопштението од МВР.

Полицаецот Стоевски излезе со јавно тврдење дека бил шамаран од градоначалникот, а откако седеле во иста кафеана. На ова, градоначалникот Митовски излезе со контра тврдење дека со полицаецот имале претходно нерасчистени сметки.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он