МВР: На Мечкин Камен имаше преку 400 припадници на МВР кои спречија евентуално ескалирање на ситуацијата

Од:

Во врска со инцидентот кој се случи на 2 август 2018 година, при прославата на Илинден на Мечкин Камен, а со цел вистинито и непристрасно информирање на македонската јавност, Министерството за внатрешни работи соопштува за детали поврзани со превземените мерки и активности, се вели во соопштението на МВР.

„имајќи ги предвид оперативните сознанија и информации добиени од службите на министерството, формиран е Командно оперативен штаб со задача за организација и координација на безбедносните активности поврзани со обезбедување на гостите, поканети на прославата. Со оглед на тоа дека постоеа информации за групирање и тенденциозно дејствување на одредени групи, а со намера нарушување на јавниот ред и мир, се донесе одлука за ангажирање на 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти“ велат од МВР.

Во соопштението се додава дека ангажираните полициски службеници биле распоредени на неколку микро локации, согласно однапред утврден план за нивно поставување и дејствување.

„Главната задача на полициските сили е да дејствуваат во насока на превенирање на нарушување на јавниот ред и мир, а доколку се случат инциденти да се дејствува со намера групите да бидат потиснати и да биде оневозможено ескалирање на ситуацијата. Токму затоа, и дел од припадниците на специјалните полициски сили беа ангажирани за обезбедување на делегацијата на Владата на Република Македонија и преставници на други земји, и истите беа облечени во цивилна облека. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите беа ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата, од кои 30 беа во цивилна облека, а 10 во полициска униформа“ велат од МВР.

Од министерството пишуваат дека во текот на движењето на владината делегација имало обиди за приближување на одредени групи и нарушување на безбедниот периметар на движење. Групите биле оневозможени од страна на припадниците на полициските сили.

„Во два наврати кон делегацијата беа фрлени пластични шишиња, и истите беа одбиени од страна на припадниците на МВР. За време на движењето, кон делегацијата беа упатени вербални напади и зборови со говор на омраза. И покрај тоа што целта на организираните групи беше нарушување на јавниот ред и мир, дејствувањето на полициските сили во насока на неутрализација и изолирање на групите овозможи да не дојде до физички контакт или евентуално ескалирање на обидите во нереди“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно