МВР: Мерката за селективен пристап на мигранти активирана по одлуките на соседните земји

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од вчера (19 ноември 2015) од 19 часот, Македонија ја активираше мерката за селективен пристап на мигрантите кои доаѓаат од Грција како реакција по одлуките на Словенија, Хрватска и Србија од претходниот ден да воведат селективен пристап при дозволување влез на мигранти на нивната територија само на бегалци од кризни жаришта.

– Согласно ваквата мерка, транзит до земјите на ЕУ се овозможува само на бегалците од државите каде има воени конфликти, односно од Сирија, Авганистан и Ирак, но не и на економските мигранти коишто доаѓаат од Иран, Пакистан, Мароко, Бангладеш, Либерија, Судан, Алжир, Конго и други земји, соопшти МВР. 

Министерството наведува дека состојбата со илегалната миграција и изминатата недела бележи континуирано зголемување на бројот на илегални мигранти од земјите од Блискиот Исток, кои ја користат територијата на Република Македонија само за транзит до крајната дестинација.
– Ваквиот тренд на наплив на мигранти присутен е и во текот на ноември (од 01 до 17 ноември), кога влез во Р. Македонија оствариле вкупно 101.636 мигранти, соопшти МВР.

Во известувањето Министерството посочува дека на 19 ноември 2015 година, на подрачјето на северната граница на Македонија пристигнале вкупно 2715 мигранти од јужната граница и тие оствариле излез кон Србија, додека во периодот од 00.00 часот по полноќ до 08.00 часот на 20 ноември 2015 година, пристигнати се 45 лица и издадени се 12 потврди за искажана намера за признавање право на азил. Во моментот во Привремениот прифатен центар на граничниот премин „Табановце“ се наоѓаат 280 лица.

– На јужната граница во Гевгелија, во Привремениот прифатен Центар во моментот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат, надвор од Прифатниот центар има околу 50 лица, најмногу ирански државјани кои влез оствариле пред примена на мерката и истите одбиваат да се вратат во Грција. На грчка територија за влез во Р.Македонија чекаат околу 2000 мигранти од различни држави, соопштува МВР.

Министерството посочува и дека состојбата на северната и јужната граница во привремените прифатни центри е мирна и стабилна, но напоменува дека ваквата состојба со мигрантите и со нивниот број на границите постојано се менува.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски