МВР: Макрадули глуми и пратеник и министер и градоначалник

Од:

„Сосема очекувано е дека во недостиг на проекти, програма и визија за Скопје Јани Макрадули ќе продолжи да ја манипулира јаноста и да глуми и пратеник и министер и градоначалник. Не значи дека доколку со неговите колеги насилно седнаа на местото на претседателот на Собранието или пак доколку насилно се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон граѓаните им дале мандат да го водат Собранието или МВР.

– Лажеа за двојните лични карти во Охрид лажеа за турските студенти и кој знае за што уште нема да лажат по шамарот кој им го удрија граѓаните пред една недела. Најмалку што може Макрадули е да покаже трошка чест, храброст и убеденост дека ќе ја добие поддршката од граѓаните во недела со поднесување на оставка од пратеничката функција. Доколку утре Макрадули не ја врачи својата оставка до претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски јасно е дека и тој самиот не си верува. Ниту јас ниту МВР нема да дозволиме да не вовлече во кампањата колку и да му треба помош“, пишува во реакцијата на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице