А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Кривични пријави против седум лица во врска со инцидентите во Собранието на Република Македонија

by А1он12/05/2017 - 12:3867
Share0

„Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија на 11.05.2017 година СВР Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум лица. Поднесени се кривични пријави против Д.Т. (42), Н.П. (39), Б.Г. (43), сите од Скопје и против Г.А. (43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384 од Кривичниот Законик на Република Македонија, а против А.П. (39), И.К. (37) и Н.В. (39), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл. 385 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавените, на 27.04.2017 година околу 19.00 часот во Собранието на Република Македонија, откако насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници, влегле во сала бр.3 каде се одржувала прес конференција и ги нападнале пратениците З.З. (42) од Струмица и З.С. (44) од Струга, како и лицето А.Т. (лично обезбедување на З.З.). Притоа, пријавените Д.Т., Г.А., Н.П. и Б.Г. насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници поставени пред Собранието. Потоа Г.А. ги повикал останатите присутни да влезат, а Н.П. влегол во сала бр.3, се заканувал и физички го нападнал А.Т. (лично обезбедување на З.З.).

Пријавените А.П., И.К. и Н.В. во прес салата бр.3 го извршиле кривичното дело на начин што А.П. фрлил статив за камера кон присутните пратеници, И.К. физички го нападнал А.Т. и го повредил во пределот на главата фрлајќи кон него со канцелариски стол со метални ногарки, а Н.В. со нога го удирал пратеникот З.С., додека лежел на подот.

Воедно, во врска со настаните, повикани се лицата А.Ш. (22) од Скопје и В.М. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од Кривичниот Законик на Република Македонија. По извршените разговори, истите се ослободени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните што се случија на 27.04.2017 во Собранието на Република Македонија“ се вели во соопштението од МВР.

mvrsobranie

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он14/10/2026 - 20:33

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он14/10/2026 - 18:3314/10/2026 - 19:04

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:00

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео