МВР: Криминална група од Скопје криумчарела мигранти од Сомалија, Сирија и Пакистан

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера реализираше акција за откривање криминална група од Скопје за која постоеле оперативни сознанија и информации дека извесен период се занимава со криумчарење и транспорт на илегални мигранти од јужната граница со Република Грција, кон северната со Република Србија.

Во акцијата се приведени 5 осомничени лица за превоз на илегалните мигранти и 28 странски државјани кои илегално влегле во земјава, по потекло од Сомалија, Сирија и Пакистан. Меѓу нив имало и 6 малолетници на возраст од 5 до 13 години, соопшти денеска МВР.

Согласно претходно изготвен план, на неколку пункта беа поставени полициски службеници заради вршење контрола на возилата за кои постоееле индиции дека во нив се транспортираат мигранти. Околу 22 часот на патниот правец од Струмица кон Радовиш, од страна на униформирани полициски службеници од РЦ „Југ“, направен е обид да бидат сопрени пет патнички возила меѓу кои едно „БМВ“, две возила „Ауди“, еден „Фолксваген Голф“, сите со скопски регистерски ознаки, како и едно возило по кое сеуште се трага. Наместо да постапат по полициската наредба и да застанат, лицата кои ги управувале возила се дале во бегство.  Полициски службеник испукал неколку куршуми во воздух за предупредување, по што едно од возилата скршнало кон патролата веројатно со намера да ги заплаши и прегази полициските службеници, доведувајќи ги во опасност. Еден од полициските службеници испукал кон возилото за да го оневозможи и го погодил во багажникот. При тоа е погодено едно лице, илегален мигрант, кој бил сокриен во багажниот простор. Ова било утврдено откако возилата биле сопрени на следниот поставен пункт во непосредна близина на клучката за Радовиш.

Според соопштението од МВР, едно возило било напуштено и оставено на половина километар од инцидентот, две од возилата имале меѓусебен судар во близина на следната контрола, едно возило било сопрено од полицијата, а петтото по кое се трага успеало да побегне. Илегалниот мигрант кој бил повреден е пренесен во Ургентниот центар Скопје, каде му е констатирана огнострелна рана.

За настанот е известен надлежен Јавен Обвинител и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески