МВР ќе санкционира секаков инцидент на пречекот на ракометарите „Вардар“

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на европските шампиони ракометниот клуб „Вардар“ и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што беше направено на синоќешната прослава.

Притоа, од МВР укажуваат дека радувањето на спортските успеси е неспоиво со говор на омраза, дискриминација и поттикнување на омраза и насилство.

МВР апелираат до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано и да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните, како што тоа беше случај синоќа со една девојка што се здоби со повреди од пиротехничко средство.

– Граѓаните кои ќе забележат било какво прекршување на законите да пријават кај полициски службеник или најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192. Ја известуваме јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

ВЛТ НАВИВА: ВАРДАР ПРОТИВ МТ МЕЛСУНГЕН

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари