МВР ќе ги обезбедува железничките станици и патниците во железничкиот сообраќај

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со раководството на Македонски железници Транспорт АД Скопје, на која се разговараше за безбедносните недостатоци со кои се соочуваат железничките станици, односно за обезбедување на патничките и товарните возови кои се мета на кражби.

На средбата се разговараше за повеќе практични аспекти во врска со подигнувањето на нивото на безбедност во железничкиот сообраќај, како патничкиот, така и товарниот, при што министерот Спасовски потенцира дека МВР ќе излезе во пресрет на барањата на Македонски железници. Беше договорено Секторите за внатрешни работи Тетово, Охрид, Куманово и Скопје да изготват соодветни планови за мерки и активности по однос на обезбедувањето на железничките станици и на патниците во железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР