МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Чулев

Од:

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла сите невистини пласирани на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Наќе Чулев и го повикува да го покаже архивското бројче од актот со кој тврдат дека го пријавиле протестот, со наводно однапред позната маршрута на движење и точки на застанување. Таква пријава во МВР не постои.

„Согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот. Но, таков документ со архивски број нема, бидејќи таков акт не постои.

Екс-министерот за внатрешни работи точно знае дека согласно законот, организаторот кој го пријавил протестот може да сноси и одговорност за активностите кои се случуваат на истиот.

Оперативниот план на МВР со мерки и активности е изготвен согласно оперативните сознанија на полицијата, а не според изнесените дезинформации за уредно најавен протест и благодарение на тој план, со брза реакција на полицијата беа избегнати поголеми инциденти, а досега се приведени 20 лица, од кои против 12 веќе се поднесени кривични пријави“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници