МВР: Јанкулоска во Вашингтон на Самит против насилниот екстремизам

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со високи претставници од 60 – тина држави како дел од антитерористичката коалиција од утре ќе учествува на тридневниот „Самит на Белата куќа за борба против насилниот екстремизам“ (Ministerial Component of White House Countering  Violent  Extremism Summit), што ќе се одржи во Стејт Департмент, Вашингтон, САД, а по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама.

Целта на Самитот е да се развие агенда за делување и соочување со феноменот на насилниот екстремизам, преку поврзување на претставниците на националните и локални влади од целиот свет.

На Самитот ќе се обратат американскиот претседател Барак Обама, државниот секретар Џон Кери и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.

Предвидено е обраќање да има и министерката Јанкулоска на тема „Зацврствување на работата на полицијата во заедница и на односот полиција-заедница од аспект на користење на овој концпет на полициско работење за спречување на ширењето на насилниот екстремизам“.

Утре во попладневните часови на покана од Генералниот Секретар на САД Џон Ф.Кери, министерката Јанкулоска, соопшти МВР, ќе оствари работен состанок чија цел е е размена на мислења и дискусија во однос на размената на информации и спроведувањето на одредбите од Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 2178 која се однесува на запирање на протокот на странски џихадисти во Сирија и Ирак и на заканата која тие ја претставуваат за своите земји.

Според Резолуцијата, на земјите потписнички им се наложува да направат измени во Кривичниот законик и да воведат казни за своите државјани кои се борат во странска земја, кои обезбедуваат логистика и финансирање, или пак регрутираат идни членови на терористички организации.

Инаку, Република Македонија веќе усвои измени на Кривичниот законик кои одат во оваа насока, односно го криминализираше учеството во странска војска, паравојска, полиција, параполиција и други видови вооружени групи кое се казнува со казна затвор со времетраење од четири години. Воедно, воведена е и казна за организирање и финансирање на  ова дело со најмалку 5 години казна затвор.

На маргините на Самитот во Стејт Департментот предвидени се повеќе билатерални средби, меѓу кои и со високи претставници на Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски