МВР ја расчисти тепачката од неделата во скопско Ново Лисиче

Од:

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот во врска со пријавено кривично дело „тешка телесна повреда“ извршено врз И.Ј.(1995) од Скопје, кој во Полициската станица во „Аеродром“ пријави дека на 27. овој месец околу 1 часот на крстосницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски-Бато“ и „Србија“, поточно во паркот во населбата Ново Лисиче, бил претепан од група непознати лица.

МВР денеска соопшти дека на И.Ј. и неговите другари С.И., Р.И., М.Е., М.Е. и Д.А. во два наврати им се приближило машко лице кое го прашувало каде живее. И.Ј. одговорил дека живее на локации од подрачјето на општината Аеродром, па потоа кажал дека живее во населбата Чаир. По извесно време на местото каде се наоѓал пријавителот, по негово кажување, се собрале повеќе машки лица кои почнале да ги напаѓаат него и другите лица кои биле со него, поради што неговите другари се разбегале, а пријавителот од ударите се онесвестил.

Утврдено е дека во саботата на пријавителот и петмината кои го придружувале им пришле малолетниот Б.Л.(14), кој ги прашувал од каде се и откако утврдил, заминал, по што телефонски контактирал со А.М.(16) и заедно ги повикале Д.В.(15), В.Х.(14), М.И.(15), М.Ј.(18) и Б.Б.(15), по што седуммината заедно заминале на местото каде претходно се наоѓал пријавителот.

При самото приближување кон местото, новоформираната група била забележана од пријавителот и другите со него, по што трите женски лица набрзина се оддалечиле, додека С.И. со еден удар со рака бил удрен од страна на Б.Л., а И.Ј. со повеќе удари бил нападнат од групата. Со еден до два удари бил удрен и Р.И. кој бил во групата на нападнатите, по што напаѓачите го напуштиле местото.

Од страна на итна медицинска помош И.Ј. бил пренесен во Ургентен Центар Скопје, каде му е констатирана тешка телесна повреда во вид на скршеница на долната вилица и набиеници на главата.

По консултациите кои следат со Основното јавно обвинителство ќе биде дефинирано кривичното дело, а по прибирањето на целокупниот работен материјал, кој е во постапка на обработка во службите, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски