МВР издаде потврди за барање азил на 931 странец

Од:

Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, вчера издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на 931 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.

МВР соопшти дека во периодот од 19 јуни до денеска во 8 часот, издадени се потврди на 13.724 странски државјани, од кои, 10.398 се од машки пол, 1.741 се од женски, 1.454 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 9.877, потоа Авганистан-1.113, Ирак – 751, Пакистан – 490, Сомалија – 374, Палестина – 334, Конго – 248, Камерун – 100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.07.2015 година се евидентирани 10 баратели на азил, баратели на азил жени и малолетни баратели на азил не се евидентирани во дневниот регистар.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он