МВР и ФФМ во кампања за спречување насилство за време на спортски натпревари

Од:

Одделението за превенција СВР Скопје во соработка со Фудбалската федерација на Македонија утре од 16:30 до 18:00 часот на фудбалскиот стадион „Телеком арена“ ќе ги реализира активностите во рамки на кампањата за превенција од нарушувањата на јавниот ред и мир при насилно и недостојно однесување на спортските натпревари.

На влезот на југоисточна трибина ќе се формира „фан зона“ со родители и деца опфатени со проектните активности од основните и средните училишта од градот, коишто со заедничко дружење со полициски службеници ќе ги реализираат активностите од кампањата за спречување на насилство за време на спортски натпревари. Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје ќе се делат пропаганден материјал, реквизити за навивање, тропалки со порака „Respect“.

Целта на активностите е подигање на свеста кај навивачките групи, надминување на јазот помеѓу полицијата и навивачките групи во соработка со спортските клубови, спортските федерации, креирање на фер-плеј мислење и однесување кај навивачките групи, особено младите, и генерално подигање на свеста кај граѓаните и инстутуциите за законската обврска при реализирање и организирање на спортски натпревари со цел споделување на одговорноста.

Инаку Одделение за превенција при СВР Скопје, со поддршка од ФФМ, во насока на зголемување на јавната безбедност, вклучувајќи ги и спортските настани како и обезбедувањето на безбедно користење на јавниот превоз и спречување на нарушувањата на јавниот ред и мир, не само во училиштата, туку и на јавните места, продолжувајќи со спроведувањето на втората фаза на проектот “За безбеден град“, како тематски дел ќе го вклучи и превенирањето од насилството за време на спортски натпревари.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци