МВР: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни покани за истрага по електронски пат

Од:

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека деновиве до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.“, апелира МВР.

Би можело да ве интересира

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Измамниците не мируваат: Лажни доктори се обиделе да им земат по 20 илјади евра на повозрасни жени

Катерина Ѓуровски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски