МВР: Граѓаните да не патуваат со документи кои се претходно пријавени како изгубени или украдени

Од:

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не патуваат со патни исправи или лични карти кои претходно ги пријавиле како изгубени или украдени, бидејќи се неважечки и се одземаат, а на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде се употребени.

Во соопштението наведуваат дека во текот на летната туристичка сезона зачестена е појавата на граничните премини во Европа наши граѓани да користат патни исправи кои претходно ги пријавиле како изгубени или украдени, а откако ќе ги пронајдат се обидуваат да патуваат со истите, без притоа да го пријават пронаоѓањето во надлежните служби на МВР каде се издадени документите.

– Со оглед на фактот дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени, претставуваат неважечки документи и истите се внесуваат во базите на ИНТЕРПОЛ, при употреба на овие документи пред надлежни полициски органи насекаде низ Светот, истите се одземаат и на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде се употребени, појаснуваат од МВР.

Додаваат дека со цел избегнување дополнителни финансиски трошоци за нашите граѓани за вадење патен лист во амбасадите на Р. Македонија, пропаднати туристички аранжмани и сл., апелираат граѓаните кои претходно ги пријавиле своите патни исправи или лични документи за изгубени или украдени, во случај на нивно пронаоѓање задолжително да го пријават истото во надлежните служби на МВР каде се издадени документите.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски