МВР ги нарача налепниците со новата ознака „NМК“

Од:

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „NМК“ за регистарските таблички. Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје  заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. За оваа цел МВР ќе потроши 2,29 милиони евра (141,6 милиони денари) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страната на јавни набавки компаниите кои го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари без ДДВ. Се набавуваат четири вида двојни налепници според големината и тоа:

Димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари.

Димензии 85×40 милиметри цената ќе биде 41,3 денар.

Димензии 53×37 милиметри по цена од 35,4 денари.

Димензии 48×18 милиметри по цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум ДООЕЛ Скопје“ пар регистарски таблици за возило чинат 637 денари со вклучен ДДВ.

Како што А1он веќе објави, новите таблички ќе ги чинат граѓаните 2,3 милиони евра. Гаранцискиот рок на табличките ќе трае 7 години. Носителот на набавката е должен првата испорака на регистарски таблици да ја изврши најдоцна во рок од 30 дена од дена на склучување на првиот поединечен договор.

Компанијата „Квантум ДООЕЛ“ која го доби тендерот на МВР да биде посредник при изработката е во сопственост на извесен Алија Реџиќ, а фирмата има седиште на улица „Коле Неделковски“ број 50, Скопје.

Фирмата Квантум како друштво за сообраќаен, внатрешен и надворешен промет е запишана во Централниот регистар во 1990 година.

Од 2009 до сега оваа фирма склучила околу 30 тендерски договори во вкупна вредност од 10,6 милиони евра. Најголемиот од 2,1 милион евра е со МВР, додека останатите се со Јавните претпријатија „Македонски железници- инфраструктура“ и „МЖ – транспорт“ како и со „ЕВН“.

 

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ