МВР ги истражува причините за пожарот во Министерството за правда

Од:

Во моментов МВР води истрага што се случило и како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат, а се утврдува колкава е направената штета на материјалите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Тој истакна дека неколку канцерарии се целосно уништени од пожарот, но, како што рече, допрва ќе се утврди до кој степен е направена штетата на одредени материјали.

– На четвртиот кат каде е најголемото оштетување се наоѓа дел од документација за меѓународна правна помош, Одделението за меѓународна првана помош, дел од сметководство и дел од секторот за финанисии на Министерство за правда, рече на денешната прес-конференција Бошњаковски.

Добро е, додаде тој, што нема повредени лица и жртви. Брзата реакција на надлежните, рече, спречила ширење на пожарот на околните згради и објекти.

Пожарот во Министерството за првда избувна вчера попладнето, а бил пријавен во 16,47 часот. Во гаснење на пожарнот интервенирале 10 возила со 25 пожарникари.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет