МВР ги демантира информациите за нови сообраќајни правила и казни

Од:

Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните информации објавени во некои портали за нови сообраќајни правила и казни.

– Станува збор за преработена информација по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од октомври 2015 година кога всушност и беа направени споменатите измени во овој закон, а која што тогаш беше презентирана на македонската јавност од страна на Министерството за внатрешни работи. Таа информација овој пат е „прекроена“ и ставена во актуелниот контекст сугерирајќи некаква нова казнена политика и сообраќајни правила, појаснува МВР.

Оттаму апелираат до сите медиуми и медиумски работници да ги почитуваат професионалните стандарди и етика, бидејќи ваквиот начин на работа, како што велат, освен дезинформирање на јавноста, никому не му е од полза.

– МВР во изминативе неколку месеци покажа на дело дека е силно посветено на транспаретноста и отчетноста во своето работење, а пристапот, односно комуникацијата со сите медиуми е отворена и во интерес на медиумите и во интерес на јавноста, се вели во демантот.

Од МВР истакнуваат дека во моментот во однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата постојат предлози за донесување на поквалитетни нормативни измени и оти тие се разгледуваат во рамки на стручните служби на Министерството, а се однесуваат на делот на сообраќајната обука, увидните процедури и прекршочното процесуирање.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР