МВР: Едно лице е повредено во пожар на автомобили и сува трева на скопското Кале

Од:

Едно лице е повредено во пожар кој попладнево избувна под скопското Кале каде горела сува трева, смет и паркирани автомобили, соопшти МВР.

Според, првичните информации од полицијата во пожарот е повредено едно лице а опожарени се три возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески информираа дека во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион опожарени се пет возила, од кои три се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 15:40 часот, при што било пријавено дека гори сува трева, смет и паркирани автомобили.

-Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот, информира командантот.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничениот кој опожари две возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје

Горан Наумовски

Тошковски: Нападите врз дипломатски објекти нема да останат неказнети

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, полицијата трага по сторителот

Горан Наумовски

Опожарени два паркирани автомобили во Куманово

Горан Наумовски

Брзата реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале