МВР: Еден повреден во тепачката во Ченто, приведени се 20 лица

Од:

Петнаесетгодишно момче од село Стајковци е повредено во вчерашниот инцидент во скопската населба Ченто. Од МВР првично информираа дека се приведени 15-тина лица, но утрово соопштија дека бројот на приведени е 20.

„Вчера околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во ЈСП пријавил дека на улица Алија Авдовиќ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот. Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од село Стајковци, Скопско“, информира МВР.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец